Лидерите на САД и Русија започнаа шест до седумчасовни разговори во Алјаска, придружувани од своите делегации.

Почна самитот Трамп – Путин. Се предвидува дека ќе трае 6 до 7 часа. Трамп и Путин седат еден до друг на самитот во Алјаска, пред позадина на која стојат натписите „Во потрага по мир“ и „Алјаска 2025“. На почетокот од средбата, новинарите им поставуваа низа прашања, а во еден момент, според објавата на „Скај Њуз“, се чини дека Владимир Путин и повиши тон.

На преговарачката маса, од американската страна на Доналд Трамп му се придружија државниот секретар Марко Рубио и претставникот Стив Виткоф. Од руската страна, до претседателот Владимир Путин седнаа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот Јуриј Ушаков.