Масовна тепачка се случи во Визбегово каде цело претпадне беснее пожар на дива депонија. Според информации на Прес24, прво дошло до поголема група граѓани, а потоа интевернирала и полицијата при што приведено е најмалку едно лице.

Полицијата го приведе и сопственикот на депонијата кај Визбегово која од сабајлево гори. Црниот и густ чад кој се издига го прекри пола Скопје, граѓаните се загрижени.

Погледнете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Црниот чад се гледа од целиот главен град. Пожарот беснее од изутрината.

На терен се противпожарните служби, а пред малку пристигна и хеликоптер кој досега гаснеше во Дојран каде според надлежните исто така има сложен пожар за гаснење.