Во текот на вчерашниот ден се одигра 10-то коло од Првата македонска фудбалска лига. Работнички го зацрсти врвот со победа над Гостивар, а веднаш зад него е Шкендија. Вардар доживеа четврти последователен пораз и веројатно сезонава повторно ќе се бори за опстанок, а екипата на Пелистер извади нерешено со тимот на Шкупи.

Сепак, ремито во Битола не го одбележа фудбалскиот резултат. Навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ скандираа во чест на прерано загинатиот член на „Комити“ кои се нивни најголеми непријатели. Извикувајќи го името на „Никола Саздо“ тие го поздравија младиот навивач на Вардар кој загина на 20 години по директна пресметка со навивачи на Шкупи кои го нападна на автобуска станица.

„Да биде јасно, ова е Македонија“, стои во нивната реакција која може да ја погледнете во продолжение.

Ваквиот гест на Чкембари наиде на овации од останатите навивачи на Пелистер, но и од грѓаните на социјалните мрежи. Познтиот инфлуенсер Никола Николовски – Боемот напиша дека Чкембари нацијата ја ставаат пред ривалството.

„Секоја чест Македончишта“, напиша Боемот.

Кој е обвинет за убиството на Саздо?

За убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски, Кривичниот суд Скопје, во април 2019 година ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири, на по 19 години затвор. Апелација годинава делумно ги прифати жалбите на Беља и Демири и им ги намали казните од 19 на 16 години затвор.

Според пресудата за Беља и Демири, обвинетите кои дејствувале заедно, се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски.

Како се случило убиството?

Тие на 29 јуни 2018 година на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите.