Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во посленото деноноќие има вкупно 30 пожари на отворен простор, на територијата на целата држава. Од нив се уште се активни 10, а под контрола (пожари кои не можат да се шират но сеуште има горење) е ставен 1, додека 20 пожари се целосно изгаснати.
Активните се 10 пожари :
СТАРО НАГОРИЧАНЕ: кај с.Алгуња и с.Челопек – ангажирани 1 хеликоптер на МВР и 30 припадници на Армијата (гориниска вегетација)
СЕРТА 1: ШТИП, с.Селце и с.Пухче (мешана шума);
СЕРТА 2: ШТИП : Криволак кон Пенуш (2 ЕТ) (ниска вегетација)
МАКЕДОНСКИ БРОД 1: с.Брезница и с.Тажево, Јасен – ангажирани 1 хеликоптер на МВР, вработени во Јасен и 30 припадници на Армијата (гори борова шума);
ПЛАСНИЦА: месност „Стромол“ (мешана шума)
ЧАШКА 1: над с.Габровник и с.Мокрени (мешана шума и ниска вегетација);
ЧАШКА 2: место викано Мукос, (ниска вегетација)
ДОЛНЕНИ 1: с.Небрегово (нискостеблеста шума)
ДОЛНЕНИ 2: с.Гостиражни, што е префрлен пожар од с.Богомила, Општина Чашка (гори мешана шума и ниска вегетација) и
НОВО СЕЛО: над с.Бадилен на планината Огражден (мешана шума).
Под контрола е еден пожар на отворено во Македонски Брод, а целосно се изгаснати 20 пожари.
Инаку ангажирани ресурси, допонително покрај пожарникарите од ПП ресурси, се два „ер трактор“ авиона на ДЗС, два хеликоптера на МВР и 90 армиски припадници.
Заради поуспешно гаснење на пожарот кој избувна вчера во попладневните часови, на територијата на општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Челопек, во координација на Главниот штаб за управување со кризи, денеска рано наутро, волонтери на Црвениот крст во непосредна близина на пожарот поставија базен кој се полни со вода од блиската река Пчиња, а од кој хеликоптерот црпи вода и на тој начин прави многу повеќе налети и истура значително повеќе вода врз огнените точки отколку кога би летал и полнел вода од најблиската постоечка водена површина. Длабочината на реката Пчиња не е доволна за хеликоптерот да полни вода директно од неа информираше директорот на ЦУК Ангелов.