На улицата „Јане Сандански“ во Неготино, доцна вечерта на 26 септември, избувнал пожар пред деловен објект сместен во зграда, информира Министерството за внатрешни работи.
Огнот се проширил и делумно зафатил дел од самиот објект, а опожарени биле и надворешни делови од четири стана во зградата. Повредени лица нема.
Според одредени извори, се работи за новата продавница на брендот „Синсеи“, која требаше официјално да биде отворена наскоро.
Интервенција извршила Територијалната противпожарна единица Неготино, која го локализирала и изгаснала пожарот.
На местото бил извршен увид од екипа на ОВР Неготино, а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.