Денеска беше промивирана химната и спотот за ЕВРО 2020, како поддршка за настапот на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.
Химната е на бендот „Вис Рисови“, формиран за подготовка на навивачката химна од долгогодишни искрени фанови на репрезентацијата, меѓу кои Саше Љолес, Петар Младеновски, Танче Гроздановски, Никола Бочваров и Слободан Хаџи Илиев.