Остри реакции и осуда за сквернавењето на македонското знаме од јавноста и од политичките партии.

Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски беше категоричен со осудата:

Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала плаќала и плаќа, вложува во тебе, злосторство е да одиш против истата. Да живее Македонија, пишува Димитриевски.

Реакција стигна и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму се децидни дека навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи имаат политичка позадина. Од партијата потенцираат дека преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда.

ВМРО-ДПМНЕ досега повеќепати повторуваше дека има обиди за дестабилизација, а вчерашното однесување јасно алудира на истото.

Тошковски: Има информации за дестабилизација на безбедносната состојба во државата, но МВР е подготвена да се справи со предизвиците 

Сепак дури и ДУИ го осуди вчерашниот чин, но прстот го впери и кон полицијата велејќи дека „Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме“. Потоа додадоа дека: како партија го осудуваат индивидуалниот чин на палење на државното знаме, секако упатувајќи прашања кон полицијата и повторно насочувајќи го прстот кон полициската интервенција.

Од СДСМ со осуда кон МВР заборавајќи дека ваквите сцени беа секојдневие при нивното владеење.

Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Тошковски очигледно целосно потфрли во превенцијата и контролата на ситуацијата, велат од опозициската СДСМ.

Од СДСМ упатуваат прашања до власта: Каде беа синоќа премиерот Мицкоски и министерот Тошковски, да се обратат со државнички пораки за смирување на состојбите?, стои како дел од нивната реакција.

И од политичката партија Левица побараа итна одговорност од оние кои ги сквернавеја македонските симболи.

Реакцијата стигна по вчерашните страшни глетки низ Скопје кога видовме палење и уништување македонско знаме, рафални пукотници, огномети, провокации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)


Се очекува рекација од наделжните органи за оние кои го сквернавеја македонско национално знаме.