Денес ни е совршено јасно зошто пратеникот од СДСМ од Прилеп, Миле Талески излегува и го брани картелот Заеви, заради тоа што тој е во друштво со Кире Спиркоски – Чипсио и како второ заради тоа што тој лично учествуваше во поставувањето на Кире Спиркоски – Чипсио за командир на полициската станица во Прилеп, истакна Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Миле Талески треба да им одговори на прилепчани кој се е вмешан во криминалот со дрога од раководството на СДСМ?!
Миле Талески е најодговорен бидејќи во време кога тој беше претседател на Советот во општина Прилеп е назначен Кире Спиркоски – Чипсио за командир на прилепската полициска станица.
Јавноста беше сведок за десетиците слики на Миле Талески заедно со веќе уапсениот командир како седат заедно на софра и во добро друштво.
Исто така со уапсениот командир слики и дружби има и градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски.
Заради овие причини, повеќе од јасно е зошто Миле Талески излегува и го брани криминалот кој царува во Прилеп.
Миле Талески заедно со градоначалникот Илија Јованоски најмалку што можат да направат е да понесат морална одговорност и веднаш да се повлечат од функциите.
Јасно е дека позади целиот криминал кој се случува во Прилеп стојат овие лица кои денес се најгласни, подвлекува пратеникот.