Соединетите Американски Држави осма ноќ по ред извршија напади врз цели во Иран, по наредба на претседателот Доналд Трамп, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM).
Според соопштението, нападите биле насочени кон силите на Иранската револуционерна гарда, за кои американските власти сметаат дека стојат зад нападот врз воена база во Јордан, извршен во петокот. Во нападот, според Пентагон, загинале најмалку двајца американски војници, објави CBS News.
Newly released footage of US forces conducting airstrikes on Iran overnight, seen hitting construction equipment and a coastal radar site. pic.twitter.com/n9F3LeESjc
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) July 19, 2026
Пентагон соопшти дека уште еден американски војник се води како исчезнат по иранскиот напад, додека неколкумина се повредени.
Од CENTCOM информираа дека цел на американските напади биле ирански воени објекти за крајбрежен надзор и воздушна одбрана, поморски капацитети, како и локации за складирање ракети и беспилотни летала.
Американската војска наведува дека операцијата имала за цел да ги ослабне воените капацитети на Иран, а нападите завршиле околу 23:30 часот по локално време.
