На прашањето зошто и покрај сите успеси кои ги направила владата на ВМРО-ДПМНЕ кон општествена интеграција и издигнување на Ромите, тие масовно гласале ЗА промена на името, Салиу одговори дека за жал станува збор за поткуп кој се случува пред секои избори.
– Прво, ако можам да го поврзам и со изборите, Ромската заедница е најсиромашна и најнеобразована заедница. Како таква, таа беше искористена од страна на Власта како за референдумот за промена на името, така и на последните избори. Гледавме многу наводно невладини организации и политички активисти, кои делеа пакети на Ромите, во истите производите беа со поминат рок, а истите беа наменети за поткуп на ромските гласови. Тоа беше дело на пратеничката од СДСМ Љатифе Шикоска. Потоа, имаше ситуации кои беа снимени, слики каде организирано се делат пакети од страна на невладини организации, кои всушност се политички активисти на СДСМ, наведе Салиу.
Салиу се надоврза велејќи дека најлесно поткуплив е сиромашниот човек, кој тие краткорочни подароци и мерки му се гледаат како излез од ситуацијата во која се наоѓа.
– Затоа сметам дека Ромите секогаш се на удар за време на изборите од страна на партиите, а особено од страна на СДСМ. И покрај сите докази за поткуп, никој во државата не презема ништо за тие да одговараат кривично, потенцираше Салиу.
Тој заврши тврдејќи дека овој пат Ромите гледаат, следат што се случува и идентификуваат на кого ќе го дадат гласот, додавајќи дека како заедница ќе гласаат за онаа политичка партија која не ги тепа и омаловажува, туку напротив, ги уважува и им помага во интеграцијата во општеството.