Само неколку стотини луѓе се појавија на вечерашниот протест на иницијативата “Кој е следен”, на осудениот за палењето на канцеларијата на претседателот Иванов, Борјан Ефтимов.

Оваа иницијатива, во изминатите денови се поврзуваше со студентскиот пленум, на чиј протест денеска се појавија помеѓу 10 и 15 луѓе.

Иако револтот на граѓаните е огромен по трагедијата во која загинаа 59 млади во дискотеката Пулс во Кочани, овој протест не е посетен најверојатно поради видеото во кое се гледа како активисти од оваа организација под инструкции на инструкторка од Србија подготвуваат стратегија како да ја искористат несреќата за политичка промоција.

Кој е следен - протестот не доби поддршка
Евидентно е дека организаторот ги организирал малкуте демонстранти да стојат само во една лента од булеварот.

Иницијативата на Борјан Ефтимов организираше протести и за убиството на Фросина Кулакова, но истите ги прекина по барање на семејството повеќе да не го искористиваат настанот.