„Негде ќе те премолчат, негде ќе те сокријат“. Овие стихови одекнаа на стадионот во Маџари каде пеачката Бојана Скендеровски и навивачката група Комити имаа изведба на „Заветна“ која уште долго ќе се памети.
Шоу на навивачката група Комити
Во дербито на претходното коло земајќи предвид дека фудбалскиот клуб Вардар се бори за опстанок нерешениот исход против Шкендија за нив е голем и значаен. Но, сепак фудаблот изостана во втор план. Неколкуте илјади Комити кои ечеа на трибината приредија вистинско шоу: кореографија, пиротехника, знамиња – се она што ѝ е потребно на една навивачка група во европски стил.
На овој натпреар за првпат во ПМФЛ беше изведена и националната химна на Македонија.
„Само ти си бесмртна, жива вода подземна“
Исполнети со многу патриотски емоции стиховите на Пепи Бафтировски ечеа на стадионот во Маџари. Во продолжение може да ја слушнеете изведбата:
ФК Вардар се наоѓа на 10-та позиција и се бори да го задржи своето место во првата лига. Клубот изненадува со својата добра втора полусезона и е на добар пат да остане во првата најсилна македонска лига.
Во продолжение може да видите и фотогалерија од натпреварот: