Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен. Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена.
Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече бела пена. Отровот стигна и до главниот град Скопје, кажа денеска на прес конференција Јон Фрчкоски од СДСМ.
„Со Мицкоски и ВМРО-ОКГ најскапото нешто, здравјето на луѓето е во прашање. Најосновната животна потреба на граѓаните, за чиста и здрава вода е загрозена.Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Мицкоски ја труе Македонија.Во вакви околности, на затруени цели градови, болни, со можни извори на зарази, каде граѓаните немаат пристап до чиста и здрава вода, крајно несоодветно, нехумано и неодговорно е да потрошат 5 милиони евра за прослава на независноста со скапи пејачи и артисти, изјави денеска јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Не е патриотски чин 5 милиони евра да завршат кај пејачи и провизии во џебови на власта. Најпатриотски чин на денот на независноста е да се обезбеди здрава вода за македонските граѓани. Бараме да се пренаменат овие 5 милиони евра и наместо за скапи пејачи да се дадат за чиста вода за македонските граѓани. Пречистителни станици, филтер станици, резервоари за вода, обнова на водоводни цевки, нови инсталации. Можеме 35 години од незавиноста да прославиме поскормно и поздраво, со народ кој нема да се труе со пуштање на чешмите дома, кажа Фрчкоски.
Со чиста вода и чисти реки. За здравје, за вода се работи.Додека Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја трујат цела Македонија – немаат милост за тендери и провизии. На 167-та седница одржана на 28 април 2026 година, Владата на Мицкоски ѝ наложила на АД Државна лотарија да обезбеди 300.000.000 денари (околу 5 милиони евра) од нераспределената дивиденда за 2024 година за финансирање и спонзорирање на манифестациите за прослава на независноста. Пред да биде објавен формалниот јавен повик на Државна лотарија, во јавноста и медиумите беше објавено дека „Авалон продукција“ веќе е избрана и ангажирана како главен партнер за централните музички настани. Како? Под маса?, праша Фрчкоски.
Ова е сомнително и од законски аспект треба да биде испитано. Не може народот во цела Македонија да се труе а некој да лапа милионски провизии. Не може да нема за вода, за плати, за пензии а да се трошат 5 милиони евра. Пренаменете ги парите! 5 милиони евра се многу пари, да им обезбедиме на луѓето чиста и здрава вода. За Македонија се работи, изјави Фрчкоски.
