Науме Јованоски Чакар е нов претседател на ОО на СДСМ Охрид. Решението Чакар го добил утрово, а предмалку и официјално ја презема функцијата претседател во Општинската Организација.
– Со солзи си заминав со солзи се враќам. Секогаш сум се трудел нешто да направам и да изградам, никогаш не сум бил деструктивен, секогаш сум давал позитивна енергија и сум градел единство. Мојата цел, сега со моето доаѓање е сите заедно да се обединиме, сите заедно да изградиме подобра иднина, истакна пред дел од членството Јованоски.
Јованоски функцијата Претседател на ОО СДСМ ја превзеде од пратеникот Лазе Танески, кој, како што велат од партијата, ја „унапреди политичката кариера“. Танески е избран во Извршен одбор од СДСМ, па поради неспоивост во функциите, ОО СДСМ мораше да се избере нов претседател.