Автобусот што превезувал деца од Истра на екскурзија се запалил на паркинг кај Хушњаково во Крапина, Хрватска.

Овој страшен настан се случил околу 11 часот.

Според првичните информации, во автобусот во моментот на пожарот немало деца и нема повредени.

Девет пожарникари излегле на терен и го локализирале пожарот.

Полицијата ги утврдува причините за пожарот.