Наместо Божик, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денеска на прес-конференција по грешка ги честиташе велигденски празници.

Сакам да ви ги честитам сите верски празници, велигденските празници, рече Села, по што присутните го корегираа дека станува збор за божикни празници.

Особено интересна беше и реакцијата на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој седеше веднаш до Села, а кој не можеше да издржи за да не се насмее по направениот лапсус.