Синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје со овации и емоции беа пречекани членовите на ансамблот „Студио Фолклор“. Тие се вратија од турнејата и меѓународниот натпревар во Бразил носејќи две значајни признанија за Македонија.

Ансамблот го освои првото место според гласовите на публиката од целиот свет, а стручното жири им ја додели третата награда.

На скопскиот аеродром ги пречекаа громогласни овации од присутните. Членовите беа поздравени со гордост и радост по успешната претстава на македонскиот фолклор пред меѓународна публика.

Од ансамблот истакнаа дека се особено горди на освоените награди и на можноста да ја претставуваат земјата преку традиционалната музика и игра.

„Браво, наши шампиони! Македонија се гордее со вас!“, порачаа од „Студио Фолклоор“.