Градот се грижеше за животната средина и нејзиното унапредување како никогаш порано.
Оваа стратегија даде резултат, денес живееме во град со почист воздух, со повеќе алтернативен превоз како велосипеди, а граѓаните ги заменија нееколошките печки со еколошко греење.
– За четири години доделивме 15.000 субвенции за велосипеди и 700 електрични тротинети. Во следниот мандат, оваа бројка ја зголемуваме за двојно и предвидуваме субвенции за 30.000 велосипеди, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.
Тој се пофали и за неговите достигнувања во еден мандат.
– Во рок од еден мандат, преку субвенции стимулиравме 5000 домаќинства да ги заменат нееколошките грејни тела со еколошки. 5000 оџаци помалку чадат во Скопје благодарение на оваа поддршка. Во следниот мандат издвојуваме еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години. Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето, потенцираше градоначалникот Шилегов.