„Како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот“, рече Димитар Апасиев, човекот којшто го носи епитот „професорот“ и баш со „универзитетски манири“ удираше печат на амандманите на Левица.
Откако се случи инцидент во Собранието каде Крмов кршеше монитори, а Апасиев удираше со листови по Мисовски шоуто не запре таму.
Апасиев: ако ви треба пародизација на процесот – еве ви го!
„Еве го ‘Жан Моне’ процесот! Одличен е! Европски, по сите стандарди, по сите шверцерски стандарди на ДУИ. А Вие како слуга на ДУИ, супер си ја извршивте функцијата. Ако ви треба ПАРОДИЗАЦИЈА на процесот – еве ви го.“ pic.twitter.com/TljeTU9vcf
— Левица (@levica_partija) November 20, 2023
Првиот ден кога ќе паднете од власт ќе го кркате за ова. Амандманите на Левица не се доставени и за секој амандман се води претрес и се дебатира по секој. 2.500 амандмани архивирани и заведени а и тие се фрлени од сатрапот Таљат Џафери. За да не се секирате дека некој е со печат некој не е, да не се чувстрвувате повредени, јас како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот, еве го и вториот амандман, рече Апасиев.