Но, ова собирање на војниците долж спорната граница се случува во време на зголемена напнатост во регионот, но и на светско ниво помеѓу двете светски сили – САД и Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин ја призна, како што рече, „ескалацијата на вооружената конфронтација“ во регионот.

Вежбите за обука секогаш се едно од можните објаснувања за ова позиционирање на армијата, но американски службеник за одбрана за „Си-Би-Ес“ изјави дека единиците кои ги гледаат на теренот, како и локациите на кои се наоѓаат не се во согласност со она што беше објавено од руското Министерство за одбрана минатиот месец.