Градоначалничката на ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска, ги заборави скопјани, заборави на проблемите и заборави на своите ветувања пред граѓаните. Се наближуваат 82 дена од мандатот на Арсовска, период во кој таа најави дека ќе реализира 15 проекти, изјави Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје

За време на овој период Арсовска не само што не реализира ниту еден конкретен проект, таа се што прави е стопирање проекти и партизација на Град Скопје. Арсовска го прекина проектот Бас рапид транзит, одби 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, а потоа бараше пари од Владата за да му се помогне на ЈСП. Арсовска одби Градот да даде пари за да се субвенционира парното под образложение дека Град Скопје немал средства, а обезбеди 670.000 евра за да се вработат 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација. Наместо докажани и компетентни кадри, Арсовска во 10 дена смени два директори на ЈП Градски Паркинг, изјави тој.