Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар доживеа непријатност за време на јавен настап, кога дел од присутните почнаа да свиркаат и гласно да негодуваат додека таа зборуваше од сцената. Снимките од инцидентот брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни реакции.
Инцидентот се случи за време на централната државна свеченост по повод Денот на државноста на Словенија, празник со кој земјата го одбележува прогласувањето на независноста на 25 јуни 1991 година. На настанот присуствуваа највисоките државни претставници, а обраќањето на претседателката Наташа Пирц Мусар беше пр•едвидено како еден од централните моменти на прославата.
Обидувајќи се да го продолжи говорот, Пирц Мусар неколкупати им се обрати на присутните со зборовите: „Пуштете ме да завршам!“. Сепак, свирежите и дофрлувањата продолжија, поради што неколкупати беше принудена да го прекине своето обраќање.
Според словенечките медиуми, дел од публиката незадоволството го искажала поради актуелните политички состојби во земјата. Иако претседателската функција во Словенија има претежно церемонијален карактер, јавните настапи на Пирц Мусар често предизвикуваат силни политички реакции.
Predsednica republike Nataša Pirc Musar je bila na proslavi ob dnevu državnosti izžvižgana zaradi golega politikanstva. pic.twitter.com/tjKOMg8ky0
— Odkrita Slovenija (@OdkritaSLO) June 24, 2026
