Македонските граѓани кои планираат да патуваат кон Грција претстојниот викенд треба да очекуваат сериозни измени и можни метежи во сообраќајот.

Поради градежни работи на проектот за изградба на новиот надвозник, дел од обиколницата околу Солун ќе биде целосно затворен во двата правци, објавија грчките власти.

Детален распоред на затворањето:

  • Западен правец (кон центарот на Солун) – целосно затворен од петок (26 јуни) од 23:00 часот до недела (28 јуни) до 23:00 часот.
  • Источен правец (кон аеродромот и Халкидики) – целосно затворен во истиот период.
  • Надвозник Пилеа – Панорама – затворен од сабота (27 јуни) од 05:00 часот до недела до 23:00 часот.

За време на блокадата, сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативни патишта кои минуваат низ самиот град Солун. Се очекуваат значителни метежи, особено во текот на викендот.

Од надлежните институции апелираат до возачите да планираат патувањето навреме, да користат алтернативни рути и да бидат трпеливи.