Огромна фреквенција на возила на автопатите низ Србија во моментов, објави во последниот извештај тамошниот Автомото сојуз, а најголема гужва има на автопатот „Милош Велики“, каде што има колона долга 8 километри во близина на тунелот Бржани.

На социјалните мрежи се споделуваат и видеа од состојбата на патиштата. На Твитер е објавено видео од колона автомобили во недоглед на автопатот „Милош Велики“, а според авторот се работи за повеќе од 200 возила кои стојат пред тунелот, кој е затворен, додека на наплатната рампа за патарина кај Чачак се чека и подолго од 3 часа.

Според податоците на Автомото сојузот, на наплатната станица Таково се чека околу 120 минути.

Српските државјани исто така можат да патуваат и во соседна Унгарија без ПЦР тестови, па така чекањето на граничните премини за влез и излез од земјата е до еден час.