Вкупно 51 лице беше евакуирано по морски пат од плажата Превели, во јужниот дел на Крит, поради големиот пожар што избувна вчера и сè уште не е ставен под целосна контрола.

Евакуацијата била извршена со патролен брод на крајбрежната служба на Грција и два приватни чамци. Од крајбрежната служба објавија видео од акцијата за спасување, која се одвивала во тешки временски услови поради силните северни ветрови со јачина од осум Бофори.

Спасените лица биле пренесени на пристаништето во местото Агиа Галини, а според информациите од надлежните служби, сите се во добра здравствена состојба.

Акцијата била спроведена под координација на Министерството за климатска криза и цивилна заштита, Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи и Оперативниот центар на крајбрежната служба.

Во погоденото подрачје и понатаму остануваат еден спасувачки брод и два приватни чамци, а кон локацијата се упатува и брод на ФРОНТЕКС.