Оттука прашање кое што се уште е неодговорено по вчерашниот прес е „Со што Тунџев го задолжил режимот, за неговата семејна фирма да добие долгорочна лиценца?“.

Борис Тунџев во својот лист до ДКСК впишал компанија, фирма за струја на неговата сопруга. Нема причини, основ на стекнување, но затоа фирмата основана во 2019, веќе следната година, лани добива лиценца од Марко Бислимовски на цели 34 години?

Интересен е фактот којшто е наведен во одлуката за давање лиценца, потпишана од Марко Бислимовски. Имено, во него стојат податоци дека компанијата, според документите, на сопругата на Тунџев, направила договор за долготраен закуп, во јуни 2019 година , внимавајте, само договор за „долготраен закуп на градежно земјиште“; додека пак во септември 2019, три месеци подоцна се прави Анекс договор, со којшто „правото на долготраен закуп е утврдено на 35 години сметано од денот на склучување на договорот, односно до 24 јуни и ќе трае до 2054 година“.

Една година потоа, август 2020, Марко Бислимовски му издава Лиценца од регулаторната комисија, лиценца за производство на електрична енергија, со времетраење од цели 34 години. Интересно е тоа што важењето на лиценцата се поклопува со датумот на истек на долгорочниот закуп на земјиштето.

Значи фирмата е основана на 18 јуни 2019 година, по само 6 дена, на 24 јуни 2019, го склучува првиот договор за закуп; за после 3 месеци да направи временска рамка од 35 години закуп, да инвестира и веќе следната година да добие лиценца од цели 34 години, токму до датата кога истекува наемот.

Па почитувани, легитимно е прашањето, дали во периодот од јуни до септември 2019 година, еден директор на режимот му ветил на друг директор на режимот дека ќе му даде лиценца за можеби 34 години, за тој безгрижно да направи договор за долгорочен наем на градежно земјиште од 35 години? Легитимно е прашањето, дали еден директор на режимот, колку и да е може и би влегувал во таква инвестиција ако не е осигуран од друг надлежен директор на режимот дека ќе добие долгорочна лиценца?

Економијата тоне во рецесија, државата во долгови, а народот во сиромаштија, ама затоа директори и функционери на СДСМ добиваат лиценци колку еден работен век. Од Анѓушев, кога беше министер, преку фирмата на братот доби земјиште за хидроцентрала, Заеви добија концесии за искористување на рудни богатства, сега Тунџев со компанија од неполна година, добива цели 35 години дозвола за производтсво на струја.

Па почитувани, ова е начинот како режимот четири години го краде животот во Македонија. Ова е само уште еден пример од четири години украден живот!

Доста е !