На 3 март 2016 година тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ го постави камен темелникот на нова Клиничка болница во Штип, по што започна градбата на тој капитален објект.
Клиничкиот центар е решение за над 200.000 жители од источниот дел на Македонија. Проектираната вредност за која се обезбедија пари за градење беше 30 милиони евра, а заедно со потребната опрема планирани 56 милиони евра.
Објектот беше најавен дека ќе биде завршен до крајот на 2018-та година. Но, во летото 2017-та власта се смени и ја преземаа СДСМ и ДУИ. Веќе наредната, 2018-та година беше запрена изградбата на објектот кој беше во фаза на отворена карабина, анализира ВЕЧЕР.
Во декември 2018-та година Штип не доби Клиничка болница но, доби шок кој никој не го очекуваше. Шок каков, потоа, владата на СДСМ и ДУИ, имаше во серија заклучно со незавршувањето на автопатот Кичево-Охрид. Таа влада ги потроши парите без да видиме зошто. Заев потроши и дополнителни 220 милиони евра а автопат – не видовме.
ВЕЧЕР пишува дека на 3 декември, наместо да дојде на отварање на Клиничката болница Штип, тогашниот министер Венко Филипче дојде за да изјави дека – изградбата се запира. Изведувачот на работите, грчка фирмата Интеракт, иако им е тоа обврска од договорот, не ја завршила изградбата на објектот до крајот на 2018.
„Ние сме во постојан контакт со изведувачот и ја интензивираме динамиката на изградба на објектот. Истовремено, го утврдуваме планот за точниот тип медицинска опрема што треба да се набави, за кога ќе биде изградена болницата да може веднаш да се изврши и нејзино инсталирање. Реално е да се очекува некаде во средината на 2020 година во новата болница да се преселат и лекарите“, изјави Филипче.

Градењето запре. Грчаката фирма Интеракт замина во стечај а никој во владата не се ни обиде благовремено да поднесе тужба против изведувачот по што пропаднаа потрошените пари а објект немаше. Поднесено е само извршување на банкарска гаранција во износ од 6 милиони евра за фирма во стечај, а потрошени се парите по што остана само 30% изградена вредност.
Според јавни информации за исплати кон грчката компанија, во 2021 се објави за суми од околу 2,5 милиони евра како “порамнување“ или доплата од страна на Министерството за здравство за изведените работи, што предизвика реакции во јавноста. Иако Филипче најави дека во 2020-та објектот ќе биде готов, па уште во 2018-та кажа дека наскоро ќе се купи и опрема… од тоа – ништо.
Иако Клиничката болница не се гради, Успешна била само првата година и пол од градбата (до промена на власта), 15 лица од владата на Заев добивале хонорари за “учество во градбата“. Сегашниот потпретседател на СДСМ, Андреј Жерновски, со години примал 1.000 евра за “фантомското учество во градње“ на објектот кој е запрен, пишува ВЕЧЕР.

-Андреј Жерновски, кој никогаш не работел во реалниот економски сектор туку извршувал второкласни политички функции, во 2018-та пријавил имот – два стана, еден од 120 и друг од 96 квадратни метри. Денешна вредност на станови во централен дел на Скопје од најмалку 500.000 евра. Тоа е само она што е пријавено на свое лично име. Раководителот на “проектната единица“, и државен советник на министерот, Јован Грповски, кој првично добивал по 150 илјади денари месечно, А последниве година 90.000 денари. Меѓу ангажираните во рамките на проектот се и луѓе што веќе работат во Министерството за здравство, односно се редовно вработени административни службеници. Меѓу нив е и советничка на министерот Филипче, која од 2020 добивала хонорар и за изградбата на клиничката болница во Штип – која не се градела. Криминалот на Филипче и тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска е евидентен, обвинителството мора да се произнесе по овој предмет. Имено, Венко Филипче решава да даде и дополнителни 7 милиони евра за машинска опрема, за електрика на изведувачот. Порталот Вечер тогаш објави дека на 29.12.2019 година, непосредно пред Нова година, на вонредна седница на владата одлучено е да се постапи по барањето на Венко Филипче и на изведувачот Интракат да му се доделат и исплатат дополнителни 7 милиони евра за непредвидени трошоци при измени во проектот. А измените во проектот не се, согласно закон, извршени од проектантот туку од трета проектна фирма без согласност на проектантот, анализира порталот.
Законот вели дека доплата на тендер може да се изврши за најмногу 20% од основната вредност на тендерот (27 милиони евра за градење од Интракат), а тоа е до најмногу 5,6 милиони евра, а во овој случај се иплаќа над тоа, 7 милиони евра на изведувачот Интракат. Министерката за финансии Ангеловска тоа го потпишала.
Во јули 2023-та Филипче повторно се јавува за да објави дека договорот за градење е раскинат, а за три месеци ќе биде распишан нов тендер. Во јануари 2024-та за болницата во Штип е покрената арбитража во износ од 22 милиони евра на штета на Владата за раскинат договор.
Венко Филипче, тогашен министер за здравство, во 2019 година го раскина и договорот за изградба на нов Клинички центар Скопје. И за него има тужба, а во 2023 година почна арбитража, во која од Владата се бара да плати од 9 до 20 милиони евра отштета.
Што утврдија ревизорите за набавената медицинска опрема пред да започне проектот, посочена во физибилити студијата во вредност од 8 милиони евра, од кои 6,4 милиони евра опрема за болницата и 1,6 милиони евра за линеарен акцелератор? Набавениот акцелератор поради несоздадени услови за негово поставување не е предаден во болницата, не се употребува и се доведува во прашање неговата употребна вредност денес, по 14 години од набавката.
Со теренскиот увид утврдиле дека: „деловите спакувани во кутии се наоѓаат во склад, сопственост на правно лице за што не е доставен Договор за складирање и чување, од кој може да се видат условите под кои истиот е сместен кај ова правно лице, негово складирање и чување, надомест за услугата како и рокот за негово складирање и чување во овој склад“. Практично, опремата е фрлена и незгрижена. Државен имот во милиони евра.
Резиме: Од владата на СДСМ потрошени се планираните повеќе од 30 милиони евра наменети за градба на Клиничката болница Штип. Дополнително, уште над 10 милиони евра за предвремена набавка на опрема за болница – која ја нема за да можат Заев и Филипче да манипулираат со тендерите, опрема која е пропадната и безвредна… А болница нема, пишува ВЕЧЕР.
КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ЗАВРШИ – НО СО НОВАТА ВЛАДА
Веднаш по изборите сегашниот премиер Христијан Мицкоски најави дека за две до три години новата влада ќе се ангажира за завршување на Клиничката болница во Штип. Деновиве јавноста е известена дека првите чекори за тоа веќе се презмаат.
Со оглед на тоа дека преку договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, беа обезбедени средства за доизградба на новата болница во Штип, заедно со болниците во Кичево и Тетово и процесот на изразување на интерес на меѓународни финансиски институции за финансирање на овие три болници заврши на трети февруари годинава, на новинарско барање Министерството за финансии одговори дали веќе е избрана најповолната понуда?
– Министерството за финансии постапувајќи по заклучок на Владата во декември 2025 година достави барања до меѓународни финансиски институции и странски комерцијални банки за изразување интерес за финансирање на конкретниот проект.
Во утврдениот рок до февруари се доставени повеќе одговори на кои во моментов се вршат анализи и Министерството за финансии по завршување на анализата ќе достави информација до Владата.
Во 2016-та влада на ВМРО ДПМНЕ ја почна градбата на Клиничката болница во Штип и до крајот на 2017-та завршени се околу 30% од градежните проекти. Владата на СДСМ и ДУИ за седум години потоа не изгради ниту една фаза од прокетот, ги потроши парите наменети за градбата плус дополнителни 10 милиони евра за опрема која е набавена за да има тендер и провизија иако болница во која би се вградила опремата – нема.
Дали некој по сето ова ( а не е само ова) има дилема за политиката и одговорноста од кланот на Заеви, особено за Венко Филипче?! – прашува порталот.
