Се наоѓаме во кампањата за локалните избори кои што треба да се случат на 17 октомври. Овие локални избори за разлика од претходните ќе имаат малку поширок контекст и малку посериозна тежина. На овие локални избори ние треба да го дадеме одговорот, дали сакаме СДСМ и Зоран Заев уште четири години да бидат власт во Република Македонија, изјави Бојан Стојаноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

Треба да знаете дека глас за Александар Наумоски и глас за СДСМ е глас за оние кои го променија името на Република Македонија, глас за оние кои склучуваат договори против идентитетот на Република Македонија. Глас за Александар Наумоски е глас за Зоран Заев, Катица Јанева, Ден Дончев, Драги Рашковски и за целата онаа криминална клика која што е моментално на власт“, рече Стојаноски.

Ние треба да излеземе и да се изјасниме дали сакаме овие луѓе да бидат уште четири години власт во Република Македонија. Затоа треба да бидеме мудри и на 17-ти октомври, референдумски да излеземе и да ја дадеме поддршката за луѓе кои што проверено знаат да работат и да создаваат повеќе за нашата општина и за нашата средина. Да излеземе да создадеме нова иднина и да покажеме дека сите заедно заслужуваме повеќе од ова што го имаме сега. Иднината е тука, ние можеме да ја создадеме, да гласаме за луѓето кои што знаеме дека ќе го променат ова секојдневие во кое што сме присутни“, додаде тој.