Ситуацијата ескалира – уапсени, солзавец и запалени возила
Хаос во Лос Анџелес – тензиите кулминираа вчера кога илјадници демонстранти излегоа на улиците во знак на протест против одлуката на Доналд Трамп да распореди Национална гарда во градот. Намерата била да се спречат судири меѓу федерални имиграциски агенти и граѓани, но протестите брзо прераснаа во насилни конфликти.
Погледнете повеќе од видеото.
#BREAKING@LAPDHQ Chief provides update on ongoing protests.
Tune in to KTLA 5 NOW or stream via KTLA+, the KTLA app or https://t.co/HXTnsVzmZf pic.twitter.com/dvs0Ovpt76— KTLA (@KTLA) June 9, 2025
Демонстрантите блокираа главни сообраќајници и запалија самовозечки возила, а полицијата реагираше со солзавец и гумени куршуми. Според информациите од полицијата, уапсени биле најмалку десет лица, додека претходната вечер бројката изнесувала 29. Граѓаните протестираа низ неколку блокови во центарот на градот, одбивајќи да се разотидат и покрај прогласувањето на собирите за незаконски.
Политичка реакција и предупредувања
Одлуката на федералната влада да распореди трупи без претходно барање од државата предизвика остри реакции. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, го нарече овој потег сериозен удар врз суверенитетот на државата и побара итно повлекување на гардата. Локалната власт смета дека присуството на воените сили само ја влошува ситуацијата и поттикнува поголем гнев кај граѓаните.
Градоначалничката Карен Бас, пак, ја обвини федералната влада дека предизвикува хаос и отворено стави до знаење дека овој потег нема никаква врска со заштита на националната безбедност, туку служи за спроведување на скриена агенда.
За големите протести нашиот медиум објавуваше и во текот на вчерашниот ден.
Протестите во Лос Анџелес под контрола по испраќањето на Националната гарда
Страв и гнев поради имиграциските притвори
Протестите се трет ден по ред, откако во градот пристигнаа околу 300 федерални трупи. Напнатоста дополнително се зголеми откако неколку имигранти беа приведени и сместени во притворски објекти што сега ги обезбедува Националната гарда. Полицијата патролира со коњи и во опрема за немири, додека гардата е распоредена околу федералните згради, што само го засилува чувството на окупација кај локалното население.
Извор: СДК