Запре исплатата на Конти

Запре исплатата на средства од Конти кои се префрлале на онлајн платформата Бајнанс. Целосна паника владее особено во помалите градови од Тиквешијата и Истокот на Македонија. Оттука се наметнува прашањето како оваа фирма се регистрирала во Македонија, а за ова се огласи и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

14.000 граѓани наседнаа на пирамидалната измама „Конти“ – од „лесна заработка“ до брз колапс

Сопственик на фирмата е извесен Александар Димков

Според податоците кои во текот на вчерашниот ден ги објави Мета, сопственик на фирмата е извесен Александар Димков од Кавадарци. Отворена е во дејноста за истражување на јавното мислење. Паричниот влог за влез на пазарот на оваа фирма е 10.000 евра. Локацијата била во Кавадарци, на улицата Шишка.

Какви биле почетоците на Конти?

Почетоците на „Конти“ биле навистина „триумфални“. Музика, торта со логото на Конти, сечење на трака и веселба. На социјалните мрежи се шират видеа од почетоците на оваа компанија во Кавадарци се навистина бомбастични. Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение:

Измама – пирмидална шема

Конти „соголи“ многу Македонци, а аналитичарите ова го коментираат како најголема измама по ТАТ штедилница пред 25 години. Останува да видиме дали можеби ќе се регулира нешто во однос на блокираните средства на десетици илјади граѓани кои слепо поверуваа на гледањето реклами и добивање парична добивка за истото.

Златев за пирамидалната измама Конти: Ворен Бафет заработува 13,65% годишно, ама Македонец мисли дека може да земе 5.000.000 евра во една година

Во меѓувреме од МВР се упатуваат апели кон граѓаните да не наседнуваат на вавките „брзи пари“ и брзи заработки.