Засега приведени се 26 лица, но списокот допрва ќе се проширува. Ова го соопшти министерот Панче Тошковски на денешната прес-конференција.
Тошковски: Приведени седум полициски началници и службеници за издавање лиценца на дискотеката „Пулс“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти нови детали во врска со апсењето на седум полициски началници и службеници од Штип и Кочани, поврзани со издавањето на лиценцата за работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Уште седум полициски началаници и службеници уапсени поради незаконската лиценца на „Пулс“
- „Со потпишување документи и одобрување позитивна согласност, му овозможиле на кабарето да добие дозвола за работа, иако не исполнувало услови.“ – изјави Тошковски.
Министерот потенцираше дека осомничените предизвикале значителна опасност за луѓето и имотот. Со тоа му овозможиле на локалот да работи во супстандарни услови.
Тошковски посочи дека осомничените изготвиле лажна документација со која констатирале дека објектот ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот.
- „Одобриле и потпишале известување до Министерството за економија, во кое лажно се наведува дека кабарето ги исполнува законските услови, без да биде извршена реална проверка. Изработиле телеграма во која не навеле точни и целосни податоци, иако имало пријави за нарушен јавен ред и мир во близина на кабарето.“ – додаде министерот.
Истражната постапка се проширува
Министерот информираше дека моментално се опфатени 26 лица во истрагата, но дека оваа бројка не е конечна.
„Досега осомничени се 26 лица, но списокот не е затворен. Огромен број на луѓе е вклучен во истрагата.“
Според Тошковски, за 18 лица веќе е определена мерка притвор. Седуммина ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Видеото може да го погледнете во продолжение
Министерот денеска повторно одржа прес-конференција каде ги соопшти овие детали.
Дополнително, уште едно лице, кое во моментов е на раководна позиција во Министерството за економија, е опфатено со истрагата.
Истражните органи продолжуваат со работата, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни развои во случајот. Извор: МВР