Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи вчера на автопатот А3 кај местото Среданац, во правец кон Брегана. Во несреќата учествувал камион кој по излетување од коловозот целосно изгорел, при што животот го загубил возачот кој останал заробен во кабината.
Според информациите од Полициската управа Брод-Посавина, несреќата е пријавена во 14:15 часот во подрачјето на општина Доњи Андријевци.
„Утврдено е дека засега непознатиот возач го возел камионот во јужна лента, по што тој излетал од патот по северната страна“, соопшти полицијата, додавајќи дека на местото се пронајдени регистарски таблички од Република Македонија.
Истрагата покажала дека камионот прво ја пробил централната заштитна ограда, удрил во столб за улично осветлување и преминал во спротивната лента. По лизгањето, возилото повторно удрило во заштитната ограда и во друг столб, по што избувнал пожар.
Камионот бил целосно проголтан од пламенот заедно со возачот. На терен интервенирале противпожарните единици и екипи на ХЕП поради оштетената електрична мрежа и паднатите далноводи.
Поради сериозноста на несреќата, сообраќајот на овој дел од автопатот беше во неколкучасовен прекин или се одвиваше под посебен режим додека траеше полицискиот увиди и санирањето на штетите.
Хрватската полиција продолжува со активностите за утврдување на идентитетот на починатиот и сите околности кои довеле до оваа тешка трагедија.
View this post on Instagram
