Трка помеѓу два автомобила на „Партизанска“ заврши со судир. Очевидци за „Макфакс“ сведочат дека автомобилот што удри и искрши десетина метални столпчиња што го делат булеварот од патеката за велосипедисти претходно се тркал со друго возило, кое возело паралелно до него. Пред да удри во столпчињата, автомобилот удрил во контејнери.

Второто возило, кое возело паралелно, не застанало, туку кога возачот на „сеатот“ изгубил контрола, продолжило да вози. Засега не е познато дали возачот добил повреди.

На терен беше повикана и сообраќајна полиција, која врши увид. Се очекува МВР подоцна да излезе со детали.