Хаос се случувал вчера попладне на подземниот паркинг на ГТЦ. Граѓаните по два часа чекаат да платат за паркинг бидејќи автоматските апарати за наплата на паркингот престанале да работат. Освен тоа, не работела ниту службата за наплата на шалтерите.

Граѓаните споделуваат слики и видеа на социјалните мрежи на кои се гледа дека се направени долги редови.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Оние што заглавија чекајќи да ги земат колите велат дека со себе носат и деца, а нема кому да се пожалат дека останале заглавени. Останува да видиме дали за ваквиот хаос во ГТЦ некој ќе понесе одговорност.

Граѓаните за ваквиот хаос реагираа на социјалните мрежи.

Неспособниве од ГТЦ укинаа работни места за да висиме 2 часа за да излеземе… кај се сега гушкачите. Како се накотивте вакви неспособни и безмозочни бе. Да не е некоја епидемија. Мизерија, кај влеговте, кај стапнавте трева не расте, пишуваат револтираните граѓаните.

Погледнете повеќе ТУКА.

Во меѓувреме, ГТЦ продолжува да е запуштен.

Кривична за директор на ГТЦ и три други лица: Еве како направиле штета од околу 500.000 евра