Повеќе од 347 лица досега се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште околу 92 лица се качиле на бродот „Speedrunner Jet“, објавија грчките медиуми. Туристите и жителите се евакуираат поради големиот пожар што ја зафати областа.
Во операцијата учествуваат два брода на крајбрежната стража, приватни пловни објекти, два брода на противпожарната служба, три рибарски бродови и еден туристички брод.
Покрај по воден пат, туристите и жителите се евакуираат и со автобуси. Автобусите се упатуваат кон Сивири и Фурка за да ги преземат граѓаните од подрачјата погодени од пожарот.
Евакуацијата се спроведува поради големиот пожар кој гори во областа, а грчките служби продолжуваат со операцијата за извлекување на луѓето од погодените подрачја.
