Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека едно лице осомничено за подметнување пожари на југот на земјата е приведено.

– Едно лице е приведено во врска со пожарот во Милас. Ако станува збор за подметнување, наша обврска е да ги казниме виновниците, изјави Ердоган на прес-конференција во Мармарис, каде пристигна за да се запознае со ситуацијата на лице место.

Полицијата мораше да го обезбеди приведениот на кого локалните жители му се закануваа со линч.

За потсетување, на југот на Турција, каде што има познати летни одморалишта како Бодрум, Мармарис, Анталија, од минатата среда, беснеат пожари кои однесоа шест животи, додека бројот на повредени надмина 400.