Активист на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама денеска е убиен при пукање во градот Елбасан.

Тој е убиен пред канцеларијата на опозициската Демократска партија по судирот меѓу приврзаниците на двете партии, а четири лица се повредени. Десетици луѓе, вклучувајќи го и главниот осомничен кој е поранешен полицаец, се уапсени по инцидентот.

Убиството се случило по судирот меѓу приврзаниците на социјалистите и демократите, пред парламентарните избори во недела.