Украинската пратеничка Кира Рудик денеска за Sky News изјави дека се надева дека Русија ќе стане изолирана како Северна Кореја – „дека никој нема да сака да ѝ помогне“.

Кога ќе дојде војна, тоа е многу црно-бело. Има луѓе кои му помагаат на вашиот непријател, помагаат на вашиот народ да умре и уништуваат сѐ што сте сакале или некогаш сте сакале. Од друга страна, има и такви кои ви помагаат да преживеете“, рече Рудик. .

„Затоа сме преплашени. Ние сме многу лути и сакаме да се воведат санкции за сите што ја поддржуваат Русија. Сакаме Русија да стане новата Северна Кореја – никој да не ѝ помага. Никој да не комуницира со неа. На тој начин тие ќе можат да најдат сојузници само во рамките на нивниот сопствен режим“, додаде таа.