Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски пристигна на аеродромот во Будимпешта.
– Заедно со претседателот на Владата, Hristijan Mickoski сме на првиот лет од новата авиолинија Скопје – Будимпешта, која започнува од денеска.
Ова е линија која отвора нови економски, туристички и пријателски односи меѓу Македонија и Унгарија.
Скопје – Будимпешта создава нова можност за патување, студирање, водење на бизнис и полесно поврзување со останатите европски и светски центри.
Ова ја потврдува политиката на Владата за привлекување на нови авиолинии и мапирање на Македонија како атрактивна дестинација за странските туристи.
Авиосообраќајот во Македонија веќе втора година бележи силен подем, а веќе од почетокот на годината бележиме нов раст на бројот на патници од 30 %, објави на социјалните мрежи министерот за транспорт Александар Николоски.
