Собраниската дебата за Јовески да стане Уставен судија прерасна во жестока кавга меѓу власта и опозицијата, јавува СИТЕЛ ТВ.

Седницата на комисијата за избори и именувања беше прекината откако претседателката и го одзема зборот на пратеничката Благица Ласовска. Го злоупотребила правото на процедурална забелешка и навредувала свои колеги, тврдеше Георгиевска.

Георгиевска обвини дека опозицијата ја опструира работата на комисијата, па откако цитираше делови од собранискиот деловник кога може да биде одземен збор на пратеник, ја прекина комисиската расправа.

Актуелниот обвинител Јовески е последниот кандидат за уставен судија кој треба да ја мине комисиската расправа во собранието. Предложен е од владејчката СДСМ, а досега поддршка добија и останатите кандидати на власта, Фатмир Скендер и Татјана Васиќ – Бозаџиева. Опозицијата понуди шестмина кандидат, но ниту еден не доби доволно гласови за Уставен судија.

Видеото на овој ЛИНК