-Сега го исполнуваме нашето ветување со голем ракетен напад врз Тел Авив и неговите предградија, со 130 рекети, како одговор на непријателските стрелања врз станбени згради, се вели во соопштението на вооруженото крило Хамас.

Бригадите Ал-Кашам, вооруженото крило на палестинската група на отпор Хамас, се заканија дека ќе го гаѓаат Тел Авив доколку Израел нападне цивилни згради во Газа.

-Ако непријателот продолжи да бомбардира цивилни згради, тогаш Тел Авив ќе доживее посилен ракетен удар од оној што се случи во Ашкелон, напиша на Твитер портпаролот на групата, Абу Убаида.

Израел денеска ги засили воздушните напади врз Газа, но ракетите ги погодија израелските градови втор ден по ред. Најмалку 28 Палестинци и двајца Израелци се убиени во најсериозниот конфликт досега.

Ова е најсериозната конфронтација меѓу Израел и милитантната организација Хамас од 2019 година, а беше предизвикана од судирите меѓу Палестинците и израелската полиција во и околу џамијата Ал Акса во Ерусалим.

Среде конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас, израелската авијација денес ракетираше во Газа 13-катна зград, што набрзо целосно се срушила.

Новинар на Ројтерс цитира очевидци кои живеат во близина дека канцеларијата на политичкото раководство на Хамас се наоѓала во таа зграда.