Александар Волкановски повторно го потврди шампионскиот статус во перо категоријата на УФЦ.

На спектаклот УФЦ 325, одржан во арената „Кудос бенк“ во Сиднеј, тој целосно го доминираше Бразилецот Диего Лопез и ја забележа својата 28. победа во кариерата, како и трета во последните шест настапи.

Пред својата публика, Волкановски имаше извонредно издание и сигурно славеше во реваншот со Лопез, а судиите едногласно му ја доделија победата со резултати 49-46, 49-46 и 50-45.