Според компанијата „Блу Оринџ“ врвот на висината која ја достигнала ракетата било 107,05 километри со што „Шепард“ ја надмина границата на Вселената, односно таканаречената Карманова линија која е на околу 100 километри.

Објавена е видео снимка од тоа како се забавувале Безос и екипата додека патуваа во Вселената. Превртување во капсулата, игри со гравитацијата и подавање со пинг-понг се дел од забавата која си ја приредиле.