Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја вознемири американската јавност со своето однесување, откако во директен пренос навреди новинарка и ѝ се обрати со зборовите да „замолчи“, нарекувајќи ја притоа „свиња“.
За време на прес-средба, новинарка го прашала Доналд Трамп дали има евентуална поврзаност со електронската преписка на покојниот финансиски измамник и осуден сексуален престапник Џефри Епстајн, што предизвикало кратко несогласување меѓу нив. Настанот се случил само неколку дена пред Трамп да го промени својот став околу обелоденувањето на т.н. Епстајнови досиеја, пренесе Би-би-си.
По силните реакции во јавноста, Трамп подоцна ги повика конгресмените да гласаат за целосно јавно објавување на документите поврзани со случајот.
Во јавноста веќе кружат информации дека во материјалите за Епстајн — кои содржат листи, контакти и електронска преписка со влијателни личности — се споменува и името на Трамп во дел од комуникациите.
