Во раните утрински часови во Скопје, околу 3 часот по полноќ, е запален автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, до скоро најизвесниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, кој партијата го извиси во последен момент и на незадоволство на многумина го замени со Каја Шукова.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Галетановски е и претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина.

Галетановски го потврди ова за македонските интернет портали, објаснувајќи дека автомобилот му бил паркиран пред зградата во која живее во скопската населба Кисела Вода. Извршен  е полициски увид, а противпожарна екипа интервенирала и го изгаснала пожарот.

Индикативно, но минатиот период по обзнанувањето на канидадатурата на Шукова (која за многумина во СДСМ беше големо изненадување), Галетановски напати јавно, јасно и гласно и без „влакна на јазикот“  го изразуваше своето искрено незадоволство од партискиот акт и стихијно решение со кое тој ненедејно извиси и не стана кандидат на Бихаќка во трката за градоначалничката позиција во главниот град. На страна и силната поддршка која Чомбе ја имаше од членството во скопската организација на СДСМ.