Запален луксузниот автомобил на Бака Прасе

Возилото на познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, утрово било запалено пред неговиот дом во Белград.

Информацијата самиот Илиќ ја сподели на своите профили на социјалните мрежи ТикТок и Инстаграм, каде што објави видео и неколку сториња на кои се гледа неговиот скапоцен автомобил „Брабус“ целосно зафатен од пламен.

Инцидентот се случил во „Белград на Вода“

Според објавите, автомобилот бил паркиран пред зградата во луксузната населба Белград на Вода, каде што јутјуберот подолг период живее.

Сцените од запаленото возило брзо се проширија на социјалните мрежи, привлекувајќи големо внимание кај неговите следбеници.

Погледнете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Euronews Serbia (@euronews_serbia)

Комично видео и молк од институциите

Во едно од видеата објавени на ТикТок, Илиќ на комичен начин се осврнува на настанот, посочувајќи дека сака да го продаде автомобилот затоа што повеќе не му е потребен.

Од српското Министерство за внатрешни работи засега нема официјална изјава за тоа кој стои зад инцидентот.