Вчеравечер се случи еден своевиден феномен кога Данела Арсовска презеде политичка партија во која воопшто не ни членувала. Освен спорноста на „новата“ партија се создаде и раздор во СДСМ заради присуството на генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ, при промоцијата на Арсовска како лидер на Нова Алтернатива.

Петре Шилегов „му се налути“ на Зечевиќ, а ваквиот расплет го дискутираме во новото издание на „Еспресо со Златев и Боцевски“.

Вакво нешто немало во историјата на македонскиот плурализам. Ова е незабележано затоа што стнаува збор за специфична партија „Нова Алтернатива“ на Оровчанец која знаевме дека постои со лидер и член, но не знаевме дека има број 2, вели Боцевски во утрешното издание на утринската емисија на нашето радио.

Нелогичностите при преземањето ги коментира новинарот Драган Милосављевиќ кој гостуваше на нашата утринска емисија.

Дали е легитимен начинот на кој е преземена партијата верувам дека е. Направиле конвенција, ја возобновиле партијата. Но, се поставуваат прашања како Данела не успеала да направи своја партија. Ова преземање личи дека е од немајкаде. „Нова Алтернатива“ не ни постоела долго време, вели новинарот Драган Милосављевиќ.

Судир меѓу Шилегов и Зечевиќ

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов даде свој коментар за присуството на Миле Зечевиќ на оваа промоција.

И булдожерите зарибуваат во кал, нели?, иронично го искоментира настанот Шилегов алудирајќи на Зечевиќ.

За ваквиот расплет на настаните дискутиравме со гостинот Драган Милосављевиќ кој вели дека „тоа покажува какви се односите во СДСМ“ со краток коментар.

Изворите од СДСМ велат дека таму се случува лом. Суета не е изразена на таков начин. Вели дека излегува од коалиција од СДСМ, а Зечевиќ ѝ присуствува на промоцијата. Малку е нелогично, вели Милосављевиќ за внатрепартиските односи во СДСМ и нелогичната посета на Зечевиќ.

Зечевиќ присутен во „првите борбени редови“

Во продолжение може да погледнете и фотографија од Зечевиќ кој беше „фатен“ од медиумските камери.

Извор: Скопје1

Куклена претстава: Политичкиот театар на Арсовска е нов пропаднат проект на СДСМ, купена партија со слабо влијание!

Ништо ново освен празни флоскули

Новинарот и водител на ТВ Алфа Драган Милосављевиќ вели дека на вчерашната промоција не слушнал ништо освен празни флоскули.

Данела Арсовска зборуваше како е најнапаѓаната жена, флоскулили, ние ќе понудиме нов пат. Од тоа што јас го прочитав не видов ништо конкретно. Треба да биде среќна ако има 2000 гласови, заклучува новинарот.

Целата емисија погледнете ја на нашиот Јутуб канал.