Високите температури влијаат и на животните. Вработените во скопската Зоолошка градина се погрижија топлото време што е можно помалку да влијае на животните.

За жителите на ЗОО Скопје тие подготвија летни освежувања за полесно справување со горештините.