Мицкоски со јасна порака: „Ако Идризи ја повтори грешката, веднаш ќе биде разрешен“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно ја изрази својата позиција по скандалозната постапка на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, кој одби да се обрати на македонски јазик пред новинарите. Откако Идризи одржа изјава исклучиво на албански, и покрај инсистирањето на новинарите да зборува и на македонски, реакциите не изостанаа.
Премиерот откри дека веќе имал разговор со директорот на Инспекторатот и му укажал на направената грешка.
„Му ја посочив грешката и не очекувам да ја повтори истата. Ако се случи такво нешто, во истиот момент ќе биде разрешен“, изјави Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали Идризи ќе биде сменет или само ќе добие опомена.
Законот јасен, но толкувањата различни
Инцидентот се случи откако Идризи изјави дека, според Законот за употреба на јазиците, треба да има преведувач за македонски јазик, наместо самиот да го зборува. Новинарите укажаа дека со тоа тој директно го прекршил истиот Закон кој има задача да го спроведува. Токму функцијата што ја извршува бара јасна почит кон двојазичноста, а не нејзино еднострано толкување.
Стоилковиќ бара итна смена
Неговата постапка не само што ја вознемири јавноста, туку предизвика и остра реакција од вицепремиерот и министер за политички систем, Иван Стоилковиќ. Тој најави дека ќе бара Идризи да биде разрешен уште на следната владина седница, со што се зголемува притисокот врз премиерот за конкретна акција.
Оваа тема се актуелизираше по дебатата на емисијата „На кавга со Иван“.
View this post on Instagram
Меѓудругото, денеска премиерот најави големи бенефиции за студентите.
Владата обезбедува 250 евра за електронски уреди за студентите – исплата од септември
Извор: Плусинфо