По шест години поминати во затвор оти ги даде клучевите од Собранието на 27-ми април, попладнево од затворот во Скопје излезе Абдилфета Алими. Пред затворот дојдоа негови пријатели и роднини за да го пречекаат Алими. Меѓу нив беше и поранешниот лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села, објави Локално.

Aлими на крвавиот четврток му го спаси животот на Села кој речиси до смрт беше претепан од толпата која влезе во парламентот. Фета го одвлечкал онесвестениот Села во просторија во собранието и тука го криел блокирајки ја вратата со маса.

Бил цело време со Села додека не се создале услови да му помогнат медицински лица на претепаниот Села на кој кога дошол при свест му рекол да не се плаши тој му помага. Села се залагаше и јавно негодуваше затоа пто спасителот на неговиот живот доби затворска казна но тоа како што објаснија истражните органи мора затоа што Алими како собраниски обезбедувач ги имал во себе клучевите од собраниската врата кои кога толпата нагрнала ги дал за вратата да биде отворена и потоа започна крвавиот пир на 27 април.

Во добра здравствена состојба сум, им благодарам на моето семејство, на моите соселани, на сите Албанци за поддршката, особено на мојот пријател Зијадин Села кој во секој момент ми го вардеше грбот. Ви благодарам вам и на медиумите што ме поддржувате. Слободата е скапа, тука поминав многу време. Годините овде не беа лесни, но со божја помош ги минав“, рече Алими.